Сопруга. Таа која заработува или пак, сите ја прашуваат што работи по дома цел ден.

Оние, кои воспитуваат деца и постојано читаат книги и блогови за образование. Оние при кои тензијата се зголемува, а довербата се намалува.

Ти, која постојано се сомневаш во себе и неуморно се обидуваш да биде што подобра.

Вие кои секој ден сте поуморни од претходниот и во тишина ги извршувате вашите обврски.

Ти, која со години си немала вистински одмор. Ти, која си погорчелива од кафето. Чистиш, переш, готвиш и постојано се грижиш за кој дел од обврските ќе ти останат за утре.

Која чисти, собира, организира, која се грижи за децата, која ги смирува сите околку неа, која размислува и која стои на располагање во текот на целиот ден и во текот на целата ноќ.

Ти, која постојано се справуваш со нови, но и со старите предизвици.

Не заборавајте, на пат сте…Тие, кои не си дозволуваат да плачат, кога им е најтешко. Кои немаат време и нерви за да ги избришаат сопствените солзи, бидејќи постојано се грижат за најмалите.

Ти, која секогаш затоплуваш со твојата насмевка, која семејството го пречекуваш со прегратки и многу љубов.

Ти, која полудуваш. Ти познавам. Читаш и сè разбираш. Која си задолжена постојано да го чистиш нередот на сите.

Доколку сакаш да направиш нешто за себе, што ќе те направи да се чувствуваш подобро, тогаш воопшто не двоуми се, направи го. Не останувај само во улогата на жена- жртва. Направи подобро за себе, за твоите деца.

Јас совет за вас немам, бидејќи вие веќе многу добро знаете. И јас знам, но не сакам ништо да кажам, само може во очи да ве погледнам. Ништо повеќе