Прекрасната и нежна турска актерка Хазал Каја, позната по својата улога во турската серија „Девојката со име Фериха“, моментално го живее најпрекрасниот момент во својот живот.

Актерката која стана омилена на многу луѓе во регионот, стана мајка по првпат. Хазал се породи во позната турска болница, а на своето прво дете му го даде името Фикрет Али.

Сопругот на актерката за медиумите изјави дека и мајката и бебето се во одлична состојба и дека парот е пресреќен за раѓањето на нивниот син. Актерката никогаш не сокривала и секогаш јавно зборувала дека страда од дијабетес, поради кој нејзиното забременување било отежнато.