Државата одлучи да му помогне на 70-годишниот маж кој цел живот се занимаваше со одгледување добиток, поточно одгледување  на овци, во доделувањето на пензија што ќе му биде доволна за да преживее во неговите стари години.

По тој повод, еден новинар го замоли да му каже делл од својот живот што никогаш нема да го заборави, а кој му останал и ќе му остане во сеќавање целиот негов живот.

Старецот ја започна приказната: „Имав 20 години кога наидов на мало слабо кутре во шумата. Беше преслатко. Го зедов назад со себе и го вдмомив кај мене. Поминаа неколку месеци и соседите започнаа почесто да ми велат дека кутрето наликува на волчица и дека треба да се ослободам од неа. Бев млад и ниту еднаш не сакав да ги послушам, таа беше приврзана за мене, каде и да одев, таа секогаш одеше со мене и ме чекаше. И така поминаа неколку години.

Еден ден, при една попладневна дремка, наеднаш слушнав врева, р’жење и лелекање, а потоа сè замолкна, излегов надвор и го видов заклано целото стадо овци, а волчицата седеше во крв и гледаше право во мене, малку како исплашена. Веднаш влегов во куќата, зедов пушка и ја убив на самото место.

Не знаев што да правам со овците, па ги повикав соседите да ги однесат пред месото да се расипе. Средувајќи ги овците, меѓу нив затекнавме три заклани возрасни волци и дури тогаш сфатив што направив!

Поука: Не е секогаш како што изгледа – Никогаш не проценувајте ги луѓето и ситуациите врз основа на она што го гледате на прв поглед.