Тони Андерсон е 74-годишна жена од Калифорнија која сопругот ја оставил и заминал од државата кога нивната ќерка имала само 3 години.

Тој заминал од САД во Канада во раните 70-те години после нивниот развод и според нејзината изјава за емисијата Добро утро Америка, за алиментација успеал да и прати само еден чек и тоа од 140 евра.

Наредните 49 години Андерсон не добила ниту денар за предвидената алиментација која требал поранешниот сопруг редовно да и ја исплаќа.

Таа со оваа ситуација се помирила, се додека не дознала дека тој се вратил назад во државата.

Овој проблем со текот на годините го ставив под тепих, не сакав да размислувам и имав заборавено. Минатата година се досетив дека нема лимитирачки закон што се однесува на алиментацијата!изјавила Андерсон за американската телевизија.

Нејзиниот сопруг Ленхарт се вратил, а Андерсон решила нивниот случај повторно да го отвори и во Февруари оваа година, поднела тужба против него дека и должи пари за алиментација.

Нивната ќерка Лејн има 52 години и работи како дизајнр за ентериер во Лос Анџелес.

Нејзината мајка успеала да и овозможи добар живот, но како што вели таа, парите се трошат и тие имаат крај и додала:

Се што требаше е да ми праќа по 140 евра месечно. Но, жалам, тоа беше пред 50 години. Денес тоа се повеќе пари!

Со оваа нејзина постапка се надева дека ќе инспирира многу жени за кои вели дека знае дека се наоѓаат во слична ситуација како нејзината, но беспотребно се плашат да превземат нешто.