Познато е дека истакнатата бугарска гимнастичарка Нешка Робева била многу блиска со баба Ванѓа, а еве што денес сподели поранешната спортистка на социјалните мрежи.

„Еве и кај нас дојде тој вирус. Знаев дека ќе дојде, беше веќе предвидено од мојата баба Ванѓа, која, при една моја посета, ми рече: „Нешке, короната ќе нè згази!“

Тогаш не знаев што значат тие зборови, помислив дека зборува за некаква руска опсада. Дури сега сфатив, дека станува збор за кинескиот грип. Се надевам сето ќе помине лесно и добро.