Понекогаш им се посветуаме на луѓе кои не знаат како да нè ценат и да ни го дадат она што го заслужуваме. Ги игнорираме сите знаци и се надеваме дека таа личност ќе се промени, дека ќе започне да нè сака, а тоа го доживуаат премногу луѓе, според љубовните експерти.

Треба да знаеме колку вредиме и ако некој не може да нè сака и да нè цени колку што заслужуваме, треба да ја пуштиме да си оди. Не дозволувајте само вие да се трудите во вашата врска и да очекувате вашиот партнер да го цени тоа. Ако тој се гледа само себеси, тогаш околу таа врска не вреди да се трудите.

Секоја личност на овој свет заслужува вистинска љубов и да биде правилно сакана. Можеби моментално поминувате време со некој со кого само страдате и верувате дека не постои друга љубов за вас. Вие сте свесни за вашето страдање, но сепак се обидувате да го наречете љубов, а тоа не е љубов. Љубовта никогаш нема да ве повреди.

Не очајувајте бидејќи таму некаде постои некој што само ве чека токму вас, кој го чека вистинскиот момент кога можете слободно да се појавите во неговиот живот. Вие сте силна личност и ќе станете уште посилни кога ќе се дистанцирате од партнерпт кој ви предизвикува само страдање и болка. Кога ќе излезете од токсична врска, само тогаш започнува вистинската борба.

Couple problems

Мора повторно да се создадете самите себе. Мора да ги составите сите оние мали парчиња што настанале кога партнерот ве скрши. Тој ви одзеде многу време и труд, но ќе станете сè посилни и посилни секој ден. Вљубете се во себе и започнете да се сакате себеси повеќе од кој било друг.

Пуштете го токсичниот партнер и сè што ви правел некогаш. Понекогаш вашата љубов не е доволна ако другата личност не се плаши да ве изгуби. Можеби го сакате повеќе од што било на светот, но ако тој не ве сака толку многу, ќе ви биде подобро без него. Подобро е да бидете сами отколку со некој што не знае да ве сака како што заслужувате, а верувајте, го заслужувате само најдоброто!