Не е никакво изненадување што розата се нарекува „кралица на градината“, односно нејзините раскошни цветови едноставно не оставаат никого рамнодушен, како и нејзиниот прекрасен мирис.

Ова градинарско повеќегодишно растение со текот на годините старее и ја губи првичната атрактивност. Но, без грижи, постои еден таен рецепт кој ќе помогне за обновување на ова цвеќе и да го врати неговиот сјај.

Како да ја подмладиме розата?

Со текот на времето, розата старее и губи од својата убавина. Стеблата стануваат долги и тврди, а по истите веќе не се раѓаат толку цветови како претходно. Покрај бројните методи, кои неретко се неуспешни и одземаат премногу време и труд, ние денес ви откриваме еден неверојатно лесен трик, кој помага за брзо подмладување на розите.

Домашно средство за обновување на рози

За да го приготвите чудесното средство, ќе ви бидат потеребни наједноставните состојки:

  • Половина кофа со добро отстојана вода, која треба да биде топла
  • 1 кафена лажица сода бикарбона
  • 1 кафена лажица магнезиум сулфат (може да се купи во аптека)
  • Половина кафена лажица амонијак (помага за моќно стимулирање на нови издатоци)
  • Исто така може да додадете 1 кафена лажица изрендан сапун кон смесата за подобро нанесување на состојките кон листовите на растението.

Добро измешајте ги сите состојки заедно, до целосно растворање на секоја состојка поединечно, а потоа може да започнете со обработка на растението. Крајниот резултат од прскање на розите со растворот од сода е одличен онолку колку што правилно се изведува процесот.

Од голема важност е да изберете соодветен дел од денот кога да ги напрската розите, односно не треба да има ниту дожд, ниту ветар. Најдобро е да ги напрската многу рано наутро, пред сончевите зраци да се појават, бидејќи доколку го нанесете растворот покасно, може да дојде до горење на зелениот дел на листовите.

Доколку направите сè правилно, за само половина месец може да ги видите раскошните резултати од вашиот труд!