Оставајќи порака на својата сопруга, мажот во истата напишал дека вечерта ќе ја помине во друштво на неговата 18-годишна секретарка. Генијалниот одговор на неговата сопруга е вреден за аплауз!

Мажот на својата сопруга оставил порака на масата со следниот текст: „Драга, треба да ме разбереш. Ти имаш 44 години, а тоа веќе е сериозна возраст за жена и ти веќе ниту физички ни психички, не можеш да ги задоволиш моите потреби. Затоа јас оваа вечер ќе ја поминам во друштво на мојата 18-годишна секретарка, а дома ќе се вратам многу доцна.“

Кога мажот се вратил дома, тој пронашол порака, во која бил напишан одговорот на неговата сопругот.

„Мој мил и драг сопругу, јас, се подразбира, не сум заборавила дека имам 44 години, но и ти веќе не си млад, односно и ти исто така имаш 44 години. За жал, ти исто така не можеш веќе да ги задоволиш моите потреби. И јас оваа вечер ќе ја поминам во друштво на еден од моите млади студенти, кој е на иста возраст како твојата секретарка. Само, како професорка по математика што сум, би сакала да ти објаснам дека 18 многу повеќе пати влегува во 44, отколку 44 во 18, па така јас нема да си дојдам дома дури до следното утро. Со љубов, твојата сопруга.“