Ефикасната нега и прочистувањето на нашето лице се невозможни, доколку не практикуваме употребување на повеќе маски за лице. Денес ви откриваме рецепт за една од најефикасните маски за лице.

Јајцето со право се смета за најекономичниот и најефикасниот начин за зачувување на младиот изглед и здравјето на кожата.

Белките се заслужни за финото затегнување и нежно прочистување на кожата. Жолчката пак, содржи големо количество на лецитин, кој ја овозможува хидратацијата и длабокото потхранување на епидермисот. Витамините А, Д и Б кои ги содржи јајцето се клучни за одржување и зачувување на младиот изглед на кожата.

Фантастичната маска за лице од јајце може да ја употребуваат сите дами, без разлика на нивната возраст.

За денес ви откриваме рецепт за една универзална пилинг- маска за лице од јајце, која не само што длабинско и совршено ја чисти кожата, туку истата и ја потхранува со корисни хранливи својства.

Пилинг-маска за лице од јајце

Потребни состојки

  • 1 јајце
  • Хартиени салфетки
  • Четка
  • Вилушка
  • 2 чаши

Начин на подготовка

1. Одделете ја белката од жолчката и поставете ги истите во различни садови. Со помош на вилушката, нежно промешајте ја белката.

2. На претходно измиено лице, користејќи ја четката, нанесете ја белката. Потоа од хартиените салфетки исечесте слој и истиот поставете го на лицето. Врз салфетките, повторно нанесете од белката.

Се препорачува да нанесете умерено количество од белката, не премногу, бидејќи потребно е маската да се суши.

3. Оставете ја маската да отстои така на лицето 20-30 минути. За тој временски период, салфетката ќе се претвори во тврда кора.

4. Фатете ја маската од долу (под брадата) и во еден чекор отстранете ја истата. Можеби нејзиното лупење ќе биде малку непријатно, но вреди за неверојатните резултати.

5. Следно, нежно промешајте ја и жолчката и нанесете ја на лицето. За дополнително потхранување на кожата, во маската може да додадете и неколку капки кокосово или маслиново масло. По 10 минути, измијте ја жолчката. Ќе се изненадите од нежната и мека кожа на вашето лице.

Најдобро е на крајот вашето лице да го измиете со топла вода. Доколку имате сува кожа, по маските, нанесете хидратантна крема за лице.