Времето поминато во градинка е најдоброто време од детството. Но, дружењето обично завршува со завршувањето на градинката, ама не и за овај пар.

Лаура Шел и Мет Гродски се запознале во градинка. Всушност, еден од најраните сеќавања од детството на Мет е со Лаура. “Едно од моите први сеќавања е на 3 години како стојам во предниот дел на мојата училница, изјавувајќи дека ќе се оженам со Лаура еден ден”, изјавил Мат. Но, по градинката изгубиле секаков контакт,се до средно училиште кога преку заеднички пријател повторно се сретнале. Лаура и Мет повторно се здружиле, и во рок од две недели станале дечко и девојка. Како што поминуваа годините од нивната предучилишна љубов, Мет конечно одлучи да “остане верен на [неговото] предучилишно ветување”, и парот се венча во декември 2016 година.

Нели е тоа како вистинска бајка!