Татко од Јужна Каролина успеа да го врати старателството над својата ќерка откако таа беше посвоена без негово дозвола.

Кристофер Емануел секогаш велел дека „сака да биде одличен татко“, но можноста да се докаже беше одземена кога неговата поранешна девојка ја даде новородената ќерка Скајлер на посвојување без да му каже.

Според законот во Јужна Каролина, невенчаните татковци можат да се пријават на одговорниот регистар за татковство за да ја известат државата дека тие се вистинскот татко на детето.

На 4 Февруари 2014 година, Емануел го помина овој процес со што стана  задолжително тој да биде известен ако мајката на Скајлер го стави детето на посвојување.

Пат Литлјон, претседател на групата за застапување во Јужна Каролина изјави: „Пред да бидат прекинати правата и да се дозволи посвојување, адвокатот како и одделот за социјални услуги треба да го проверат овој регистар и таткото мора да биде известен“.

Сепак, и покрај тоа што беше запишан како нејзин татко во регистарот, Емануел не беше додаден како биолошки татко на документацијата за посвојување поднесена од посвоителите од Сан Диего, Калифорнија на 19 Февруари 2014 година.

Емануел коментираше: „Бев изгубен, бев повреден бев збунет затоа што сакав да се осигурам дека ќе бидам тука за моето дете“.

Емануел возврати со обраќањето кон судскиот систем во округот Ајкен, каде што е родена Скајлер, коментирајќи: „Ова е моја можност да докажам дека сум лишен од уставот и државните права“.

Тој додаде:

Ќерка ми беше во Сан Диего, Калифорнија со посвојувачка двојка каде што се смени нејзиното име. Имам медицинска документација која докажува дека  ќерка ми се има друго име и таа никогаш не беше законски посвоена.

Емануел го оспори посвојувањето со судски записи кои покажуваат дека неговите татковски права биле прекинати без негово одобрение. Тој продолжи да се залага за старателство, во еден момент изразувајќи подготвеност да ја посвои Скајлер назад и по скоро една година судија застана на негова страна.

Судот му даде единствено старателство на Кристофер над неговата ќерка, а Скајлер беше вратена назад во Јужна Каролина.

За да им помогне на другите татковци да не доживеат слични битки, Емануел ја започна фондацијата Sky Is The Limit, преку која патува низ земјата, образувајќи ги татковците за нивните родителски права.