Ако имате проблеми во врската, сигурно се прашувате што е причината и во кого е вината. Всушност може да ги спасите односите со партнерот, само ако научите да комуницирате подобро со него.

Исто така, ако продолжите да верувате во овие митови, не очекувајте да бидете среќни во љубовен план. Застанете и ќе видите како ќе се подобри вашата врска.

1. Бракот е само лист хартија

Психолошките и физичките придобивки од фактот дека сте во брак, се огромни. По 50 години на социјална епидемиологија е утврдено дека во развиените земји најголемиот извор на здравје, богатство, долговечност и благосостојба на децата е здрав брак.

2.Кавгата е знак дека сте во лоша врска

Кавгите се неизбежни во сите врски. Може да го подобрат нашето разбирање со партнерот. Конфликтот најчесто се појавува од пропуштени обиди за комуникација. Затоа треба да разговарате отворено и да ги споделите со партнерот Вашите желбите и ставови.

3.Љубовта е доволна

Љубовта не е доволна, бидејќи во повеќето бракови, особено по појавата на дете, луѓето престануваат да прават романтични гестови. Односите имаат тенденција да се претвораат во бескрајна листа со задачи, а разговорите стануваат ограничени. Треба да вложувате напори да ја задржите возбудата жива.

4.Зборувањето за минатите емоционални рани само ќе ги влоши односите

Вилијам Фокнер еднаш рекол: “Минатото никогаш не е мртво. Тоа дури не е ни минато”. Не може да го промените минатото, но може да го промените вашиот однос кон спомените.

5.Ако треба да работите на комуникацијата, тоа е сигурен знак дека не сте сродни души

Најсигурното нешто е дека ако нема комуникација, врската постепено ќе се влошува. Слично како за автомобил, ако не се грижите за него, ќе се расипе. Сите врски бараат напор, без разлика колку се сакате и почитувате.

6.Паровите најчесто се караат за секс, пари и нивните блиски

Овие спорови всушност се создаваат од неуспешни обиди да се поврзете емотивно. Во овие моменти важно да се свртите еден кон друг, наместо да го сторите спротивното.