Вообичаено луѓето, интелигенцијата ја поврзуваат со мозокот, но според експертите, истата е вметната и во нашиот надворешен изглед и може да биде измерена со поглед.

Според нивните истражувања, еве кои 4 делови од нашето тело откриваат колку сме интелигентни:

1. Долги нозе

Според ексепртите, висината е индикатор за тоа колку сме здрави. Висината и пропорционалноста на телото се знак за тоа колку квалитетно живее личноста и иако нема конкретни докази, неодамнешни истражувања покажаа дека висината има врска со конгитивните способности на луѓето, кои придонесуваат за развој на мозокот и неговото здравје, правејќи ги повисоките луѓе, попаметни.

2. Поактивна лева рака

Леваците се среќаваат поретко, а интересен е фактот што повеќето од нив се одликуваат со висока интелигенција. Голем дел од светските генијалци биле токму леваци, а истражувањата докажуваат дека леваците поактивно ги употребуваат и двата дела од мозокот.

3. Тенка половина

Никој не сака да има обемна половина, а истражувањата откриваат интересна врска меѓу одличната фигура и интелигенцијата. Според експертите, колку повеќе се проширува половината, толку повеќе се намалува мозочната активност, а ова се должи на фактот што околу половината се наталожуваат висцерални масни наслаги, кои одделуваат хормони, кои доведуваат до воспалување и оштетување на мозочните клетки.

4. Голема глава

Според експертите, пропроциите на главата откриваат колку всушност сме интелигентни. Неодамнешно британско истражување, кое вклучило повеќе од половина милион луѓе ги поделило учесниците според физичките и конгитивни знаци и им биле направени детални крвни тестови. Како резултат, било докажано дека оние кои имале поголема глава во детството, добиле повисоки резултати на тестовите по интелигенција.