Тајната на привлечноста е нешто многу повеќе од романтични, физички и интимни енергии. Вашата способност да привлечете се заснова на скоро секој аспект од вашиот живот и карактер – од површно до духовно. Сепак, постојат квалитети што ве прават попривлечни.

Психолозите истакнуваат дека овие 3 карактерни црти ги имаат најпривлечните луѓе:

1. Позитивен став

Луѓето кои проектираат позитивeн став и оптимистички поглед на животот привлекуваат повеќе луѓе отколку песимистите. Научно е докажано дека оптимистичните луѓе живеат подолго, се поздрави, поуспешни во работата и се исклучително привлечни и привлекуваат внимание во секое друштво. Исто така, луѓето кои се љубезни се сметаат за привлечни како оптимисти. Вежбајте позитивен став!

2. Екстровертност

Иако едно истражување покажало поврзаност помеѓу екстровертноста и физичката привлечност, тајната е во тоа што екстровертите имаат развиен социјален живот. Тие имаат историја на добри односи, наклонетост кон истражување на разни можности и честопати ја испробуваат својата среќа без страв. Нивното отворено срце и пријателската насмевка ги прават екстровертите секогаш први на листата на најатрактивни.

3. Самодоверба

Самодовербата е секогаш на врвот на листата на атрактивни одлики. И мажите и жените ја оценуваат самодовербата како исклучително привлечна особина кај потенцијалниот партнер, како што покажа истражувањето спроведено во 2002 година на Државниот универзитет во Аризона. Луѓето со висока самодоверба се често оригинални, магнетски привлечни и дружеубиви.