Тие се родени лидери. Луѓето родени во овие хороскопски знаци никогаш не оставаат ситуацијата да се реши спонтано или благодарение на некој друг, туку секогаш ги преземаат работите во нивни раце.

Еве кои 3  хороскопски знаци во секој аспект на животот преземаат иницијатива:

1. Јарец

Јарците се вистински алфа-личности кои секогаш преземаат сè на себе. Нивната амбиција инспирира многумина, а она што ги прави да се истакнат е упорноста. Никогаш не дозволуваат неуспехот да ги победи, туку благодарение на истиот се враќаат уште посилни по падот.

Хороскоп на македонски јазик

ИНСТАЛИРАЈ

2. Овен

На Овенот навистина не му е грижа што мислат другите. Тие секогаш ќе кажат директно ако нешто не им се допаѓа и притоа ќе  ви кажат како би го сториле истото на свој начин. Тие се многу решителни и храбри и не дозволуваат ништо да застане на нивниот пат.

3. Лав

Лавовите со нивната харизма привлекуваат луѓе, односно следбеници. Во секоја ситуација и во секој проблем, тие имаат визија и решение, а со нивниот неверојатен оптимизам и самодоверба лесно ја стекнуваат довербата на другите.