Диетата која вклучува консумирање на 2 банани на ден и нема друга потешкотија е најлесната диетална програма што некогаш била измислена. Една недела е доволна за да изгледате значително послаби.

Бананите се супер овошје поради фактот што содржат 3 вида шеќер: фруктоза, сахароза и гликоза, но и растителни влакна, па токму оваа комбинација го прави чувството на ситост да трае подолго време.

Бројни истражувања покажаа дека само 2 банани на ден се доволни за да издржите 90-минутен тренинг. Ако сте љубител на ова овошје, веројатно ќе уживате во оваа диета, а најдоброто од сè е тоа што навистина нема да се чувствувате гладни.

Може да изгубите и до 5 килограми за 10 дена, но пред да започнете со држењет на истата, не заборавајте да се консултирате со вашиот лекар и нутриционист.

Појадок

Консумирајте само банана. Ако сте гладни по 15 минути, слободно изедете уште еден. Не треба да јадете други овошја за појадок, но ако сметате дека банана нема да ви биде доволна, можете да консумирте и 2-3 супени лажици варен ориз.

Ручек и вечера

Вечерајте не подоцна од 20 часот, иако би било идеално да се јаде до 18 часот. Кога станува збор за намирници за ручек и вечера, не сте ограничени по избор и можете да го јадете она што и инаку би го јаделе.

Сепак, обидете се да ги задржите порциите во помала количина, воедно и избегнувајте ги десертите. Исто така, потрудете се колку што е возможно да ги избегнувате јаглехидратите, бел леб, бел ориз, шеќер и бело брашно.

Само вода

За време на диетата, единствената течност што ви е дозволена е исклучиво вода, минерална или обична. Обидете се да ја задржите водата што ја пиете на собна температура. Пиењето треба да биде проследено во мали голтки.

Во текот на денот, можете да и пиете една шолја кафе, чај или свежо исцеден сок. Во посебни прилики, исто така ви е дозволено чаша пиво или вино.

Ужина

Околу 15 часот попладне, можете да јадете 2 коцки темно чоколадо или колаче со малку калории. Крофни, сладолед, чипс и слични грицки не се дозволени. Се разбира, подобро би било да јадете едно овошје за ужина, но ако копнеете по слатко, не двоумете се.

Сон и физичка активност

Обидете се да одите во кревет најдоцна до полноќ. Исто така вежбајте ако сакате Не е неопходно да вежбате за време на оваа диета, но ако сакате побрз напредок, може да се обидете да шетате што е можно повеќе.

Водете дневник

Водете дневник за тоа како се чувствувате и што јадевте во текот на денот. Исто така, можете да најдете многу форуми на Интернет и да разменувате искуства со други кои се на оваа диета.