Добро е познато дека лименките исполнети со аеросол не треба да бидат изложени на извор на топлина, но повеќето луѓе не свесни за оваа опасност.

Токму на ова нè предупредува Кристин Дебрехт, од Мисури, чија ќерка остави лименка шампон за суво миење на косата во нивниот автомобил.

Бидејќи автомобилот бил изложен на Сонце цел ден, температурата во кабината била толку висока што лименката експлодирала и одлетала од автомобилот како ракета. Покрај тоа што изгорел добар дел од  возилото, лименката ја пробила површината на автомобилот и паднала на земја оддалечена 15 метри.

“Ова шише со шампон за суво миење на косата беше оставено во централниот дел од автомобилот, во затворен дел. Вчера времето беше претопло и шишето експлодираше.”- вели Кристин.

Големината на штетата е најдобро илустрирана со фотографиите кои Кристин ги сподели на социјалните медиуми, за да ги предупреди останатите на опасностите  од лименките исполнети со аеросол, како што се дезодоранси и освежувачи на воздухот, односно што може да се случи доколку поради невнимание ги изложиме предолго време на топлина.