Стомакот веројатно е еден од најпроблематичните делови кога станува збор за губењето тежина. Сите ние сонуваме за рамен и затегнат стомак, но сите мразиме да ги правиме напорните стомачни вежби. Но, имаме добри вести! Фитнес експертите најпосле најдоа решение, кое, како што тврдат, може да замени 1000 традиционални стомачни вежби.

Неверојатната вежба е наречена „штица’ и претставува статична вежба при која целата тежина на телото леи врз рацете и прстите на нозете, додека останатиот дел од телото е рамен како штица. Телото не треба да се придвижи ни сантиметар и ова е начинот да постигнете рамен и цврст стомак, како и да се справите со болките во грбот, бидејќи силните стомачни мускули исто така го потпираат и ‘рбетот.

За да постигнете најдобри резултати, прво треба да се погрижите вашето тело да е во точната почетна позиција. Затоа, следете ги овие упатства:

– Притиснете ги вашите дланки цврсто на подот и исправете ги рамењата. Вашиот врат исто така треба да биде исправен и издолжен.

– Иако главниот фокус е врз вашите стомачни мускули, исто така би требало да чувствувате „оган“ и во нозете. Ако тоа не е така, поставете ги вашите пети така што ќе се потпрете само на вашите ножни прсти и ќе почувствувате напнатост во вашите бутни мускули, а потоа стегнете ги мускулите на задникот за да ги активирате мускулите во долниот дел од телото.

– Не кревајте го задникот, туку потрудете се да го држите во рамна положба. Вашето тело мора да биде исправено, а не во позиција на триаголник.

– Треба да дишете рамномерно, за да можете полесно да ја одржувате оваа положба.

– Држењето на вашето тело во правилна положба е од основно значење и ова можете лесно да го постигнете ако си замислите дека на грбот балансирате чаша полна со вода.

Сега можете да почнете да ја правите вежбата:

– Ставете ги рацете и колената на подот при што вашите дланки се во ширина на вашите рамења, а вашиот грб е исправен.

– Погледнете нагоре додека вашиот нос е свртен кон подот.

– Исправете ја вашата десна нога и поставете ја на ножните прсти, потоа и левата. Во овој момент целата тежина на вашето тело треба да се потпира врз вашите раце и ножни прсти.

– Затегнете ги вашите стомачни мускули и стојте така 20-60 секунди.

– Потоа полека клекнете и опуштете се.

– Повторете ја вежбата три пати по ред. Штом ќе навикнете да ја правите, правете ја подолго од 60 секунди.