Едно истражување покажа дека мирисот на рузмарин ја подобрува меморијата.

Научниците откриле дека студенти, кои работат во соба која мириса на рузмарин, постигнуваат од 5% до 7% повисоки резултати на тест на меморијата.

Шефот на истражувањето – д-р Марк Мос раскажува дека рузмаринот е поврзуван со меморијата уште во антиката. Интересен факт е дека античките Грци носеле венци од рузмарин за време на испит.

Истражувањето само го поддржува и ги докажува традиционалните верувања во силата на рузмаринот.

До овие резултати д-р Мос стигна по експеримент со 40 ученици меѓу 10 и 11 години. Тие поминаа серија на тестови за меморија во простории со и без мирис на рузмарин, кои покажале дека присуството на аромата ги подобрува значително резултатите.

Причината е дека човечкото чувство за мирис е многу чувствително и праќа пораки до мозокот. Во него има невротрансмитери поврзани со меморијата, за кои д-р Мос претпоставува дека можат да бидат погодени од мириси.

https://www.nane.mk/wp-content/uploads/2017/05/rosemary-1637865__340.jpghttps://www.nane.mk/wp-content/uploads/2017/05/rosemary-1637865__340-340x214.jpgDijana IlievaЗдравјеЕдно истражување покажа дека мирисот на рузмарин ја подобрува меморијата. Научниците откриле дека студенти, кои работат во соба која мириса на рузмарин, постигнуваат од 5% до 7% повисоки резултати на тест на меморијата. Шефот на истражувањето - д-р Марк Мос раскажува дека рузмаринот е поврзуван со меморијата уште во антиката. Интересен...Секој ден нешто свежо