Иако сите сме свесни и знаеме дека пржените лепчиња не се најздравиот избор за нашата фигура и целокупното здравје, но како човек може да одолее, особено доколку се комбинирани и со парче сирење?

За денес ви подготвивме еден различен предлог за пржени лепчиња, при кој пресното млеко се заменува со кисело млеко, при што лепчињата едноставно се топат во уста!

Еве како да ги подготвите:

Пржени лепчиња со кисело млеко

Потребни состојки

  • 8 парчиња бел леб
  • 3-4 јајца
  • 400 гр кисело млеко
  • 1 кафена лажица сода бикарбона
  • Масло за готвење
  • Сол по ваш вкус

Начин на подготовка

Најпрво во длабок сад измешајте ја содата со киселото млеко. Потоа изматете ги јајцата и додадете ги во киселото млеко и следно, додадете сол по ваш вкус.

Затоплете поголемо количество на масло за готвење во длабока тава. Секое од парчињата леб, потопете го во претходно добиената смеса и поставете го да се пржи и од двете страни, до добивање на потребната златна боја.

Испржените лепчиња поставете ги на хартија, за да се впие во истата вишокот на масло.

Тоа е сè! Пријатен апетит!