Девојките на 40 години се најпрекрасните што постојат! Тие се ранливи и повредени. Тие се наивни и лесно веруваат, исто како на 13 години. Тие одамна ги заборавиле романтичните пориви на 15-годишните, активниот ентузијазам на 25-годишните и рационалното размислување на 30-годишните.

Тие имаат видено многу, затоа на одреден момент нивните очни капаци надвиснале, но потоа повторно широко ги отвориле своите очи и виделе еден нов свет, се виделе себеси како нов човек и виделе еден нов живот.

Тие повторно веруваат во најдоброто, бидејќи најлошото веќе им се случило. Тие веќе се излекувале и сега повторно веруваат во туѓата добрина.

Тие се прекрасни. Не, не само симпатични. Тие се неверојатно прекрасни, бидејќи признале и ги прифатиле нивните маани. Дали носот е крив, градите мали, тие веќе се сакаат себеси токму какви што се и свесни се дека токму вакви се неверојатни и дека секој може да се вљуби во нив. Вљубувањето е пак, најубавото нешто.

Златните девојки над 40 години знаат една тајна. Тие веќе ја надминале илузијата за кариера, успех и социјален статус. Тие сега знаат дека најважното нешто во животот не она што се прикажува на телевизијата, што се пишува на Интернетот и што се објавува на социјалните мрежи. Тие знаат дека најважното нешто во животот е самиот живот: Вкусот, бојата, ритамот, способноста да се насладувате и да уживате секој ден.

Во текот на годините, благодарение на искуството го откриле најважното – Се откриле самите себе. Тие не се плашат да плачат и да се смеат неконтролирано. Тие го мразат времето во кое биле спречени да бидат она што навистина се, време во кое биле изморени да држат се во себе и да трпат.

Тие живеат како што дишаат: Брзо, па потоа тивко, повторно внимателно, а следно повторно брзо и забавно. Дишаат во ритамот на животот.

Го пронашле својот личен стил и го обожаваат, без разлика дали тоа значи долго или кратко здолниште. Најважното е што тие имаат изградено самодоверба и се обожаваат самите себеси.

Девојките на 40 години престанале да бројат калории и за нив движењето во животот, љубовта, страста и интересите се далеку подобри од фитнесот и естетиката.

Токму затоа се и неверојатно прекрасни. Не бркаат никого, не бараат никого. Тие едноставно живеат и затоа знаат дека животот после 40 станува уште поинтересен.