Дури иако вашиот партнер не ви кажува често дека ве сака, постојат многу други начини на кои тоа можеби го покажува, а вие не забележувате, бидејќи очекувате љубовта да биде искажана со зборови.

Вистинската љубов не се изразува во букети и подароци, ниту пак во зборови. Важни се малите гестови кои покажуваат љубов, почит, приврзаност и давање важност на партнерот.

Доколку посакувате да откриете дали човекот до вас ве сака бескрајно, поставете си ги следните прашања и добро размислете за одговорите:

  1. Дали ви се јавува да провери како сте, особено во деновите кога не се чувствувате добро?
  2. Дали со вас прави работи, кои инаку не би ги правел, доколку би бил сам?
  3. Дали се грижи за вас додека сте болни?
  4. Сака ли да му се јавите кога ќе пристигнете дома, за да биде сигурен дека сè е во ред?
  5. Ги откажува ли неговите обврски, кога итно ви е потребна помош?

  1. Дали се обидува да ве расположи кога имате лош ден?
  2. Дали се интересира за работите кои вас ве исполнуваат?
  3. Дали ве сослушува, кога имате потреба да разговарате со некого?
  4. Дали ве мотивира да ги следите вашите соништа и цели?
  5. Дали се обидува да ве заштити во разни ситуации?
Smiling romantic mature couple with wine glasses while sitting at restaurant
  1. Дали памети како го пиете кафето?
  2. Дали сака неговото слободно време да го поминува со вас?
  3. Дали ве прашува дали имате јадено и дали ви треба нешто?
  4. Дали ги памети малите детали од вашите претходни разговори?
  5. Дали ви покажува дека вашата среќа е важна за него?