Филмската индустрија исто така има свој процес на еволуција. А еден филм остави посебен печат и затоа е прогласен за највлијателниот на сите времиња, а еве и зошто!

Со раѓањето на кинематографијата на подвижните слики во почетокот на 20-от век, крајните филмски производи значително се променија и учејќи едни од други, низ децениите, еволуираа неверојатно, а еден филм особено се истакна.

Станува збор за „Волшебникот од Оз“!

Според истражување спроведено на Универзитетот во Торонто, фантастичниот мјузикл од 1939-та година е највлијателниот од сите 470.000 филмови вклучени во истражувањето, а еве со што легендарниот филм го зазеде првото место.

Водечкиот истражувач на проектот, Д-р Ливио Биоглио објасни дека од илјадниците вклучени филмови, специјален компјутерски алгоритам го избра единствениот „Волшебникот од Оз“, бидејќи, земајќи ја во предвид неговата содржина, мотивите и тематика, култниот филм бил инспирација и влијаел на тоа да се развијат многу идни жанрови и слични сценарија, што го прави највлијателниот филм за напредокот на оваа индустрија.

На второ место се најде исто така легендарен филм, а тоа е „Војна на ѕвездите“, од 1977-та година, додека пак третото место го зазеде хорор-трилерот на Хичкок од 1960-та година, филмот „Психо“.