За светот има надеж, сè додека сè уште постојат вакви млади интелектуалци кои се вистинска мотивација и инспирација за останатите!

Наместо од дипломата од средно, 18-годишната Британи Ривс моментално се подготвува гордо да излезе на сцена и да ја земе дипломата кај најдобар студент на колеџот Фајетвил.

(Во англосаксонските образовни системи, колеџот е степенот на образование меѓу средното и универзитетското образование.)

Калифорниската телевизија, ABC11 известува дека Британи се стекна со диплома од областа на историјата, откако програмата наменета за студирање 4 години, таа успешно ја заврши во само 1 година.

Минатата година, кога се запишала, по кратко време, Ривс се стекнала со сите потребни кредити кои биле предуслов за останатите години.

„Едноставно бев опкружена со прекрасни луѓе кои ми дадоа прекрасни можности“- вели инспиративната девојка.

Нејзината мајка, Британи ја опиша како талентирано дете, кое научило да чита уште на 3-годишна возраст.

Сега нејзината генијална ќерка, со стекната диплома од колеџ, ќе го однесе нејзиниот талент во Северна Каролина, за да се стекне со диплома од Правниот факултет.

Младата Ривс се надева дека ќе изгради успешна правна кариера, преку која ќе се бори за човековите права.