Зарем може зима без кисела зелка? За денес ви претставуваме еден неверојатен рецепт за голи сарми, кои се подготвуваат многу брзо и лесно, а кои ќе го освојат вашето срце!

„Голи“ сарми со кисела зелка

Потребни состојки

  • 1 мала кисела зелка
  • 500 гр мелено месо
  • 5 супени лажици ориз
  • 2 глави кромид
  • Чубрика
  • Мелен црн и црвен пипер
  • Масло за готвење
  • Кашкавал по желба

Начин на подготовка

Исечете ја зелката и сварете ја, додека да омекне.

Следно, исечете го излупениот кромид на ситни парчиња и поставете го да се пржи во малку масло за готвење, заедно со оризот и меленото месо, а на крај зачинете со мелениот црвен и црн пипер.

Измешајте го меленото месо со зелката во соодветен сад за печење, додаде малку вода и поставете го јадењето да се пече, до целосно приготвување на оризот.

За пораскошен вкус, одозгора може да нанесете малку рендан кашкавал и притоа вратете го садот назад во рерната, додека кашкавалот не се растопи.

„Голите“ сарми сервирајте ги додека се уште се топли.

Пријатен апетит!