Непријатниот мирис на стапалата е чест проблем со кој се среќаваат многу луѓе. Истиот може да настане како резултат на лоша хигиена, габички и бактерии, лоши обувки, влага, но дури причината може да биде и стрес.

Денес ви откриваме како најлесно и најбрзо да се ослободите од оваа непријатна состојба на најдобриот домашен, а притоа и природен начин.

Домашна купка за елиминирање на непријатниот мирис на стапалата

Потребни состојки

  • Рузмарин
  • Нане
  • Лимон

Начин на подготовка

Во голем сад со додадена 1 литар топла вода, измешајте сок од лимон, 1 супена лажица рузмарин и 1 супена лажица нане. Потопете ги нозете во вака подготвената купка и оставете ги да отстојат 15 минути.

На крај добро исушете ги. Домашната купка ќе ви помогне значително да го намалите потењето на стапалата, воедно ќе ја прочисти нивната кожа и на овој начин, стапалата секогаш ќе бидат свежи и ќе мирисаат пријатно.