Олимписките игри ретко минуваат без драма, дисквалификации и загубени медали. Дури и најдобрите спортисти на планетата можат да бидат исфрлени од игрите од различни причини. И само затоа што сте освоиле медал, не значи дека ќе го задржите.

Истраживме некои од најобичните причини зошто олимпијците  биле дисфалификувани и сигурни сме дека ова ќе го промени начинот на кој ја гледате на Олимпијадата. Сето тоа е чуден спој на спортси бонтон, бесрамно мамење, дрога и огромни бирократии кои премногу се грижат за правилата напишани наместо духот што треба да стои зад нив.

1972: Рик Демонт, САД

Рик ДеМонт е поранешен американски пливач кој настапи на Летните олимписки игри во Минхен 1972 година. На само 16 години, тој го освои златниот медал за мажи на 400 метри слободно и се квалификуваше да ги претставува САД. Меѓутоа, неговиот лек за астма, Маракс, имал забранета супстанција, а тој подоцна беше дисквалификуван и му беше забрането да се натпреварува во какви било други настани.

 

2000 година: Донг Фангсијао, Кина

Донг Фангсијао настапи на Летните олимписки игри во Сиднеј 2000 година, каде што нејзината гимнастичка екипа освои бронзен медал за Кина. Сепак, подоцна беше откриено дека таа имала само 14 години, и се сметало дека е многу млада за натпреварување. Поради тоа нејзиниот тим беше дисквалификувани од игрите.

1998: Рос Ребалиати, Канада

Рос Ребалиати настапи на Зимските олимписки игри во Нагано во 1998 година и го освои златниот медал за Канада во машка трка во велеслалом. Меѓутоа, тој бил позитивен за ТХЦ, па го дисквалификувале, и покрај тоа што ТХЦ не е забранета супстанција. Поради тоа, канадската олимписка асоцијација пресуди дека Меѓународниот олимписки комитет (МОК) нема овластување да го одземе медалот, па морале да го вратат. Тие додадоа канабис на листата на забранети супстанции два месеци по Игрите.

2008 година: Ара Абрахамјан, Шведска

Ара Абрахамјан е ерменски/шведски борач кој настапи на Летните олимписки игри во Пекинг 2008 година. Откако ја оспори пресудата на судијата за време на полуфиналниот натпревар, тој освои бронзен медал, но го симна за време на церемонијата, го стави на душекот и замина. Меѓународниот олимписки комитет (МОК) потоа му го одзеде медалот и му забрани да се нтпреварува во иднина.

1968 година: Ханс-Гунар Лилневал, Шведска

Ханс-Гунар Лилјенвал се натпреваруваше во делот за стрелање на петобојот на Летните олимписки игри во Мексико во 1968 година. Иако неговиот тим освои бронзен медал, тој пиел пред да настапи, и тимот беше принуден да им ги врати медалите, и покрај тоа што алкохолот во тоа време не беше забранета супстанција. Игрите во 1968 година беа првите што воведоа тестирање за дроги, а Лилјенвал беше првиот што беше дисквалификуван за тоа.

1992: Ибрагим Самадов, СССР

Ибрагим Самадов е поранешен чеченски кревач на тегови, кој го претставуваше Советскиот Сојуз на Летните олимписки игри во Барселона 1992 година. Мечот за златниот медал беше толку напнат што им беа потребни два тајбрејкер, но и двата го пласираа Самадов на третото место со бронза. На церемонијата, тој го фрли медалот на подиумот и замина, што резултираше со дисквалификација и добивање доживотна забрана за натпреварување на Олимпијадата и Меѓународната федерација за кревање тегови.