Еден јапонски крајбрежен град потроши повеќе од 225.000 американски долари од Фондот за итни случаи со КОВИД-19 во изградбата на огромна статуа на лигња.

На пристаништето Ното, лоцирано во Ишикава на јапонскиот централно-западен брег, лигњите кои достигнуваат должина до 50 см и  тежина 100-300гр  се сметаат за деликатес, па оттука е и идејата за оваа статуа.

Градот потроши 25 милиони јени (228.500 американски долари) на статуата долга 13 метри . Според официјалните лица на Ното, огромната лигња е дел од плановите за привлекување туристи во градот по пандемијата.

Во Јапонија, има потврдено 610 000 случаи на КОВИД-19 и 10.391 починати. Земјата во моментов се бори со нов бран на коронавирус, Токио беше ставен под карантин, а болните пациенти беа принудени да чекаат во амбулантите со часови додека не се ослободат болнички кревети.

За среќа, Ното не е погоден со многу голем број случаи, но падот на туризмот има сериозно влијание врз градот. Преку национални грантови, Ното доби вкупно 800 милиони јени (7,3 милиони долари) за поддршка на градот.

Иако статуата беше мета на критики градските власти убедуваат дека е дел од долгорочна промотивна стратегија.