Брзиот начин на живот и секојдневната трка со времето можат да направат драстични промени во организмот и метаболизмот. Ви претставуваме неколку природни начини како да обезбедите побрз метаболизам и да се чувствувате активни.

1. Јадете почесто, неколку пати на ден во мали порции

Распоредот во внесувањето храна нека ви биде проследен со 5 мали оброци. На овој начин ќе ја задоволите потребата за храна. Долгото растојание помеѓу оброците може да придонесе до поголем замор и силно чувство на глад. Меѓу главните оброци воведете задолжителна ужинка во облик на овошје, житарки или зеленчук, тие ќе ве држат сити, а истовремено ќе придонесат организмот побрзо да ја вари храната со тоа што ќе создадете навика или еден вид аларм дека во следните 1 – 2 часа повторно се нвесува нова храна која треба да биде обработена.

2. Доколку сте љубител на зачинета храна, конзумирајте ја во умерени количини

Можеби вашите јадења дополнително ги зачинувате, со безброј вкусни зачини и додатоци.  Обидете се да ги ограничите додатоците, тоа ќе ја зголеми активноста во организмот за 20%.  Сето тоа се должи на една супстанца, капсаицин, која ги ликвидира новите масни наслаги и ги уништува масните клетки.

3. Употребувајте протеини кои природно го забрзуваат метаболизмот

Протеините се здрав извор на енергија, доколку се внесуваат во правилен распоред придонесуваат да се создаде идеален баланс во метаболизмот. Притоа имајте на ум, дека протеините што содржат повеќе масти, како црвеното месо, треба да се конзумираат поретко.

Ова се намирници богати со хранливи протеини: пилешко месо, јајца, лосос, сардина, туна, мисиркино месо, авокадо, јогурт, грејпфут и семе од чиа.

4. Пијте кафе и зелен чај

Кафето и зелениот чај, во умерени количини придонесуваат за забрзување на метаболизмот. Кафето содржи теобромин, теофилин и хлорогенова киселина, супстанци кои имаат стимулирачки ефект. Зелениот чај, пак е богат со катехини кои ја подобруваат функцијата на црниот дроб и практично ги преработуваат мастите во енергија.

Зелениот чај и кафе, под условите на умерена потрошувачка, исто така ќе придонесат за забрзување на метаболизмот.

5. Практикувајте да правите интензивни кардио вежби секој ден во времетраење од 5 минути

5 минути на ден ќе придонесат за побрз метаболизам, подобра физичка кондиција и подобро здравје. Не се оптоварувајте со дополнителни вежби, можете да започнете од денес, а тоа ќе ви биде голем плус за вас и вашето тело.