Речиси и да не постои човек кој не е во тек со кралската драма која неодамна настана откако принцот Хари заедно со војвотката Меган решија официјално да се откажат од нивните кралски должности.

Со овој нивен чекор, парот беше лишен и од многу кралски привилегии, меѓу кои им беше забрането да го користат и Sussex Royal, но меѓутоа парот наместо сето ова да го прифати, одлучи јавно да се конфронтира со кралицата Елизабета, по што истата стави вето на натамошното осигурување на приходи по линија на кралската титула.

Јавна тајна беше дека принцот Хари е омилен внук на кралицата, но според британските медуми сега ова веќе е минато и кралицата го има сменето нејзиното мислење.

Но, Хари сепак реши во името на љубовта да го жртвува овој негов однос со неговата баба и да се откаже од кралските привилегии и сега според внатрешни извори, младиот пар воопшто не е задоволен од одлуката на кралицата да ги прекине и нивните приходи по основ на кралската титула, бидејќи сметаат дека не е фер и истите веќе се пожалиле дека отсекогаш биле различно третирани во кралското семејство.