Кој би одбил ароматично лепче со кашкавал? Денес изненадете ги вашите најмили со цел куп од овие 10-минутни кашкавалки!

Одлична алтернатива за љубителите на питите и баниците, а притоа деликатес кој најмногу ќе ви одземе 10-15 минути, за да го приготвите.

Во продолжение прочитајте како да ги направите истите.

Кашкавалки за 10 минути

Потребни состојки

  • 1 јајце
  • Половина кафена лажица сол
  • 200 мл кисело млеко
  • 320 гр брашно
  • 1 кафена лажица сода бикарбона
  • 1 супена лажица масло за готвење
  • Рендан кашкавал, во количество по ваша желба

Начин на подготовка

Во длабок сад, скршете го јајцето, а потоа додадете ја и солта и киселото млеко. Добро измешајте ги состојките до добивање на мазна текстура.

Пресејте 320 гр брашно во друг сад, додадете ја и сода бикарбоната и добро измешајте.

Во смесата додадете ја претходно добиената смеса со киселото млеко и започнете со месење на тестото. Во истото додадете лажица масло за готвење.

Посипете брашно на површината за месење и развлечете го тестото во тенка кора.

Одзгора нанесете од ренданиот кашкавал и завиткајте го тестото во форма на ролат.

Ролатот исечете го на мали парчиња.

На површина каде претходно сте посипале брашно, секое од парчињата потребно е да го обликувате во тенка мала пита.

Во тава со загреано масло, испржете ги подгответни пити. Пржете од секоја страна по неколку минути.

Пријатен апетит!