По повод христијанскиот празник Велигден постои обичај за кој се верува дека ќе го чува домот и ќе донесе среќа.  Ноќта на Велики Четврток се подготвува така наречената четвртошка сол која има силна енергија, а може да се посее во земјата како таа би била породна,  да се истури во неколку агли во домот за да го зачува здравјето на домашните.

За нејзина подготовка потребни се:

  • 1,5 кг крупна сол
  • 200 грама ‘ржано брашно

Во длабок сад се става солта и 12 лажици од ‘ржаното брашно.  Потоа на глас се повторуваат три пати зборовите:  „Велики Четврток, спаси не и погрижи се за нас долго време!”

Потоа смесата се меша со дрвена лажица  во насока на стрелките на часовникот, така додека целосно не потемни.  Солта се остава на топло да преноќи, а утрото на Велики Петок се претура во мала памучна торба и се закачува на видливо место во домот.