Нема сомнеж дека речиси на сите домаќинки, најмногу им се допаѓаат десерти кои брзо се подготвуваат. Иако веќе сте прочитале бројни такви рецепти, денешниот десерт се истакнува со слатка оригиналност!

„Умен“ колач

Потребни состојки

  • 130 гр брашно
  • 4 јајца
  • 500 мл пресно млеко
  • 150 гр шеќер
  • 15 гр ванилин шеќер
  • 150 гр путер

Начин на подготовка

1. Разделете ги жолчките од белките.

2. Измешајте ги жолчките со шеќерот и ванилиниот шеќер, а потоа додадете 125 гр од путерот и повторно добро измешајте ги состојките. Следно постепено додадете го и брашното.

3. Додадете го млекото во добиеното тесто и добро измешајте ја смесата.

4. Измешајте ги белките до добивање поцврста текстура.

5. Додадете ги белките во претходно добиената смеса и добро измешајте ги сите состојки заедно, притоа при мешањето кревајќи ја шпаклата или лажицата нагоре.

6. Премачкајте го садот за печање со преостанатиот путер и додадете го тестото. Печете 45 минути на 180 °C

Кога ќе го извадите десертот од рерна, самиот „умен“ колач ќе биде веќе разделен на повеќе вкусни и сочни слоеви!

Пријатен апетит!