Нов извештај вели дека електричните автомобили ќе станат поевтини за производство од конвенционалните за само 6 години

Се верува дека многу автомобилски компании ги забрзуваат своите планови за електрични автомобили во обид да се почитуваат регулативите за глобалното затоплување.

Во Велика Британија беше истакнато дека половина од автомобилите во земјата мора да бидат електрични до 2030 година.

Новите предвидувања доаѓаат како дел од новиот извештај од „БлумбергНЕФ“, според кој падот на цената на производството на батерии е она што ќе направи електричните возила да бидат поефтини за производство.

Новите цени на батериите се очекува да паднат за 58% до 2030 година, во споредба со 2020 година.

Истражувањата утврдија дека просечната малопродажна цена, пред данок, на електричен автомобил со средна големина во моментов е 33.300 евра, додека другите автомобили се само 18.600 евра. Но во 2026 година се очекува двата вида на автомобили да бидат по цена од околу 19.000 евра.

Извештајот на БлумбергНЕФ исто така предвидува дека до 2027 годинна конвенционалните автомобили ќе поскапат, а цената на електричните ќе опаѓа.

Дискутирајќи за наодите, директорот за транспорт и животна средина на Велика Британија, Грег Арчер, рече:

„До средина на деценијата електричните автомобили и комбињата ќе бидат поевтини за купување од  автомобилите на бензин, а со даночни олеснувања за електричните автомобили Владата може да го гарантира ова“.

„Ако производителите на автомобили го прошират производството на електрични автомобили, за неколку години тие ќе бидат поевтини за купување, многу поевтини за работа и далеку подобри за животната средина“, додаде тој.

И покрај  тоа што цените на електричните автомобили сè уште прилично високи, во 2019 година се продадени 1,7 милиони возила, во споредба со само 450 000 во 2015 година.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *