Мајка од Колорадо вели дека била принудена да го напушти забавниот парк затоа што нејзините шорцеви биле „премногу кратки“.

Бејли Бридлав заедно со своето семејство го посетиле Фронтиер Сити, забавниот парк во Оклахома, САД на 30 Април. Кон крајот на денот, еден од полициските службеници во паркот и се развикал на нејзината ќерка затоа што се тркалала по ридот.

Но тогаш службениците „и се закачиле“ на Бејли поради должината на нејзините шорцеви иако во паркот немало никакво правило за видот на облека кој треба да го носите.

Во објава на Фејсбук, Бејли го опиша инцидентот како „трауматизрачки“.

„Откако и викаа на мојата ќерка затоа што се тркала по ридот жената што работеше како обезбедување ме фати за рака и ми кажа дека шорцевите ми се премногу кратки.“ напиша Бејли.

„Јас не сторив никакво кривично дело и продолжив да одам до мојот дечко бидејќи сум аутист и тешко ми е да разговарам со полицајците. Таа ме следеше и повика засилување. Тогаш се појави менаџерот и ми рече дека треба да одам и да си купам нови шорцеви со соодветна должина “. продолжи таа.

Откако Бејли се согласила да купи нови шорцеви, само за да ја остават на мира, службениците ја истуркале кон излезот.

„Не сакав проблеми па тргнавме да си одиме, но бевме блокирани од полицајка која ги извади лисиците и ми рече да и дадам лична карта “, објасни Бејли.

Семејството побарало објаснување зошто треба да дадат лични карти, на кое добиле едноставен одговор: „Бидејќи тие се полицајци“. Во овој момент семејството почнало да снима со цел да има видео запис од немилиот настан.

@baileybreedlove970#policeoftiktok #sixflags #frontiercity #bodyshamingpolice #trending #donttellmewhattodo♬ original sound – baileybreedlove970

Во краткиот клип, можете да видите како 11-годишната ќерка на Бејли станува доста вознемирена во врска со настанот.

„Вашите правила се нејасни и збунувачки, а начинот на кој ги срамите и дискриминирате луѓето е незаконски. Платив многу пари во вашиот парк и верувам дека заслужувам да ми ги вратите парите “, продолжи таа.

@baileybreedlove970Reply to @baileybreedlove970 #morph

♬ feeling – Official Sound Studio

Бејли го пријавила инцидентот во полиција одкаде што и кажале дека не станува збор за нивен офицер