Доколку се соочувате со дамки по ноктите или истите имаат деформиран облик, тоа може да биде резултат на габична инфекција. За да ја утврдите точната состојба, се подразбира потребен е лекарски преглед.

При утврдена дијагноза дека станува збор за овој вид на здравствена состојба, може да го употребите следниот неверојатно лесен домашен рецепт, за нејзино лекување.

Што е потребно да направите?

Пред спиење, нанесете чист пчелин мед (кристализиран) на ноктите и околу нив. Следно, завиткајте ги во најлонска фолија, за да не истече медот, кога истиот ќе се растопи. Најодозгора, облечете чорапи и оставете го медот да делува во текот на целата ноќ.

Следното утро, измијте ги ноктите само со вода, без сапун. Практикувајте го лесниот домашен третман во период од 2 недели или додека целосно не се ослободите од несаканите габички.