Група на дедовци во нивните доцни 70-те години, кои се познаваат од градинка, останале и до денес да се дружат и да комуницираат, и без помош од социјалните мрежи.

Себеси се нарекуваат „Екипата од градинка“, која во далечната 1946-та година се запознала во основното училиште „Гарфилд“, во Вашингтон.

Од групата, тројца пријатели веќе починале, но 7 сè уште се дружат: Арингтон Диксон (77), Хади Флеминг (79), Роналд Чејз (77), Вилијам Хатчинс (79), Орландо Ли (78), Џејмс Стрикленд (79) и Норман Томас (79).

Во 1988-та година, откако старите пријатели се вратиле од војска, групата меѓу себе си дала ветување, дека секој месец, на вториот Четврток, ќе одржуваат средба исполнета со многу забава.

По 31 година, датумот на забавата останал непроменет.

За време на една нивна неодмнешна средба, биле изненадени од посетата од Били Ли, синот на еден од нив. Били, кој е фотограф, реши да го документира нивното пријателство и затоа сега екипата од градинка воодушеви илјадници луѓе ширум светот, прославувајќи се на Интернет.

„Мислам дека од голема важност е да се претстави нивното пријателство. Тоа се вистинските вредности на животот. Сите од групата ги знам уште од мал, а тие не се блиски само со мојот татко, туку и со целото семејство“- изјави Били.