Покрај победникот, музичката платформа го предвиде и распоредот на целосната листа.

Евровизијата за 2019-та година е 64-то по ред, издание на овој музички фестивал. Домаќин е државата Израел, а вечерва ќе се одржи и финалето, во кое успеа да влезе и претставничката на нашата држава, Тамара Тодевска со песната „Proud“.

По повод вечерашното финале, најпознатата музичка платформа Спотифај, земајќи го бројот на прегледи како главен критериум, со кои се стекнаа песните во изминатите 2 недели, платформата објави листа, предвидувајќи го и победникот.

Според Спотифај, победникот на вечерашната Евровизија за 2019-та година ќе биде Италија, која ја претставува изведувачот Махмуд, со песната „Soldi“.

https://www.youtube.com/watch?v=Va-JXIhsYD0

На второ место, се предвидува државата Холандија, додека пак третото место дека ќе го заземе Шведска.

https://www.youtube.com/watch?v=0F_FrLDpt30

https://www.youtube.com/watch?v=YKR2GiorZuQ

Нашата земја, според направената листа се најде дури на 36-то место!

Целосната листа можете да ја видите на следниот линк. (Кликнете тука)