„Ѕвезда е ладнокрво суштество внимателно изградено од ништо“, изјави Луис Б. Мајер, ко-основачот на МГМ. И тоа било вистина. Студиото што прави ѕвезда имало целосна контрола врз нивниот живот: тие им кажувале на актерите како да изгледаат, што да носат и како да се однесуваат, тие носеле одлуки за љубовните врски на актерите, па дури и за нивните семејства. Овој притисок понекогаш завршувал со трагедија, животот на актерите станувал театар што лошо влијаел на нивната ментална рамнотежа.

Ги истражувавме стандардите што стариот Холивуд ги поставувал за ѕвездите. А на вас е да одлучите дали славата на овие луѓе вреди за жртвата што ја направиле.

  • Актерите кои имале долгогодишен договор со студио немале можност да изберат улога. Така, тие биле принудени да ги играат ликовите што им биле дадени. Доколку некој актер одбие да глуми во филм, можел да биде суспендиран од работа на одредено време, без можност да работи на друго место. Оливија де Хавиланд, која ја толкуваше Мелани Хамилтон во „Однесено од ветрот“, беше првата што го победи системот на суд. По судењето, студијата мораа да склучуваат договори со актери не подолги од 7 години.

  • Студиото им давало помошници на актерите кои се грижеле за нив како да се беспомошни бебиња. Всушност, асистентите го шпионирале секој чекор на нивните „покровители“ и пушувале детални извештаи за нивното однесување.

 

  • Облините на Мерлин Монро секогаш биле во центарот на вниманието. Така, за да изгледа „пофасцинантно“, таа ставала џамлии во градниците.

 

  • Актерката Кетрин Хепберн, која преттпочитала панталони наместо здолништа, носела тексас фармерки во студиото. Еднаш и биле одземени од соблекувалната додека била на снимање. На овој начин костимографите се обиделе да ја убедат да облече здолниште, но таа наместо тоа се вратила на сетот во долна облека и одбила да се покрие додека не и ги вратат фармерките.

 

  •  Накачувањето килограми било забрането во многу договори. Така, ако актерката се здебели, морала да биде ставена на строга диета. Кога Грета Гарбо се преселила во Холивуд, таа морала да јаде ништо друго освен спанаќ 3 недели, а Марлен Дитрих јадела сок од домати и крекери една недела кога сакала да ослабе.

 

  • Актерите морале буквално да живеат на филмскиот сет. На снимањето на „Однесено од ветрот“, Вивиен Ли морала да работи 16 часа на ден, 6 дена во неделата, 125 дена.

 

  • Било невозможно да се земе боледување или одмор за време на снимањето. Сите доцнења на снимањето биле одбиени од платата на актерот. Еднаш Џуди Гарланд не дошла на снимање затоа што била болна, а потоа дознала дека му должи 100.000 долари на студиото.

  • Од 1934 до 1968 година во Холивуд се применувал кодот Хејс. Меѓу другото, тој забранувал страсно бакнување на екранот. Така, актерите морале да се бакнуваат според строгите правила: бакнежот не можел да трае подолго од 3 секунди.