За овој чудесен трик не ви се потребни многу пари, ни многу време, а со неколку чекори ќе успеете да ја елиминирате подуеноста и темните кругови околу очите, доколу го следите овој трик на Сандра Булок.

И познати личности како актерката Сандра Булок имаат ваков проблем од време на време кој знае целосно да го уништи надворешниот изглед. Во овој случај, дури и најдобрата шминка не помага. Темните кругови можеби може да бидат покриени со пудра, но кога станува збор за подуеноста, потребно е подобро решение отколку шминка.

Честопати се зборува за овој проблем, но веруваме дека малкумина од вас слушнале за овој трик. Го откриле Ким Кардашијан и Сандра Булок, и иако звучи многу бизарно, тие тврдат дека истиот е неверојатно ефикасен. Поточно, холивудската актерка признала дека обожава да користи крем за хемороиди за да се „ослободи“ од нејзините темни кругови под очите.

„Долго време, не знаев дека кремот за хемороиди може да се примени и на подочниците за да се намали подуеноста. Кога за прв пат го нанесов, бев воодушевена и оттогаш постојано го користам“ – открива Булок.

„Овој крем ја затегнува кожата. Тоа е навистина стар трик. Мириса страшно, но дава неверојатни резултати.“- вели професионалниот шминкер Ким Кардашијан, Марио Дедивановиќ.

Експертите тврдат дека состојките во овој крем ги намалуваат крвните садови, а со тоа и црвенилото и успешно се борат со отокот и подуеноста.