Дали имате омилен рецепт за закуска? Доколку не, пробајте ги следните лесни и вкусни домашни кашкавалки, кои се неверојатно меки и идеални за да го започнете вашиот ден.

Кашкавалки на „мрзелив“ начин

Дали имате омилен рецепт за закуска? Доколку не, пробајтеги следните лесни и вкусни домашни кашкавалки, кои се неверојатно меки иидеални за да го започнете вашиот ден.
Вкупно време40 минути
Оброк: закуска
Кујна: италијанска
Клучни зборови: кашкавалки, кашкавал
Порции: 4

Состојки

  • 200 гр кисело млеко
  • Половина кафена лажица сода бикарбона
  • 2 јајца
  • 2 супени лажици масло за готвење
  • 420 гр брашно
  • Половина пакетче пециво
  • 180 гр кашкавал
  • 40-50 гр путер

Начин на подготовка

  • Претходно извадете ги сите состојки на собна температура.
  • Исипете го киселото млеко во сад и додадете ја содата.Добро измешајте ги состојките. Следно, додадете ги двете јајца (без еднатажолчка, која подоцна ќе послужи за премачкување), маслото за готвење и повторноизмешајте.
  • Постепено додадете го брашното, измешано со пецивото изамесете меко тесто. На работна површина со брашно, обликувајте го тестото воформа на правоаголник. Одозгора нанесете изрендан кашкавал и мали парчињапутер.
  • Од кашкавалот и путерот одделете мало количество зананесување одозгора на крај. Завитакјте го тестото во форма на правоаголник иисечете на дебели парчиња. Подредете ги во соодветен сад за печење, во којпретходно е поставена хартија.
  • Изматете ја преостанатата жолчка со малку кисело млеко исо добиената смеса премачкајте ги кашкавалките. Одозгора нанесете повторномалку кашкавал и путер. Испечете ги во претходно загреана рерна на 200°C за 20 минути, до добивање златна боја.