Чудесните својства на куркумата се признаени во цел свет. Овој зачин има моќни антиоксидантни, антивоспалителни и антисептички својства, а со неговата редовна употреба се подобрува имунитетот, крвотокот и метаболизамот.

Во продолжение прочитајте го рецептот за ефикасниот домашен напиток за брзо слабеење благодарение на кој по само 3 недели ќе ги добиете посакуваните резултати.

Моќен домашен напиток за брзо и ефикасно слабеење

Потребни состојки

  • 3 литри вода
  • 3-4 лимети или 2-3 лимони, доколку немате лимета
  • 150 мл мед
  • 2 супени лажици куркума во прав
  • Црн пипер

Начин на подготовка

Претходно подгответе 3-литарски стаклен сад, во кој ќе го приготвите напитокот. Доколку немате соодветна тегла, може и стаклени шишиња. Сварете ја водата, до точка на вриење, а потоа оставете ја малку да се излади.

Измијте го овошјето и од истото, прецедете го сокот, а потоа додадете го сокот кон водата. Кога веќе водата нема да биде толку топла, додадете ги медот и куркумата и добро измешајте ги сите состојки заедно.

За подготовката на овој напиток не се користи блендер. Добиената смеса складирајте на во ладилникот на 24 часа.

Начин на употреба

Пред употреба, не заборавајте да го прецедите напитокот. Се пие по 120 грама, 3 пати на ден, половина час пред секој оброк. Доколку не може да измерите 120 грама, тогаш пијте по половина кафена шолја од напитокот. Пред неговото консумирање, се додава прстофат мелен црн пипер.

Целиот третман трае 3 недели, по кои се прави пауза од 2 недели, а потоа се прави уште еден 3-неделен курс.