22-годишната студентка Андреа Иванова, од Бургас, Бугарија во светот е позната како бугарската „Барбика“, која откако доби огромно медиумско внимание, сега најново повторно ја шокираше јавноста, откако одлучи по 18-ти пат да ги зголеми нејзините усни.

„Усните ги зголемив на 13-ти март, токму кога започна вонредната состојба поради пандемијата. Никогаш нема да се откажам од овие процедури и едвај чекам да помине карантинот, за да го направам и 19-от третман. Разликата сега беше што медицинскиот персонал носеше маски, ништо друго. И сега постојано ги негувам моите усни со креми, за да ги заштитам од студеното време.“ – вели Андреа.