„Насмеано лице“ – кога ќе го слушнете ова, најверојатно, би помислиле на емотикон од социјалните мрежи, а не за планети кои би се здружиле да формираат едно!

Месечината, Јупитер и Венера ќе се појават за нас на 16-ти мај 2020 година, усогласувајќи се во ретка позиција со што ќе формираат насмеано лице на небото! Овој редок спектакл, наречен „конјукција“, односно сврзување, не треба да се пропушти, бидејќи последен пат кога се случи ова беше пред 12 години во 2008-та година, што ја прави појавата не толку честа.

Во астрономијата, сврзување се јавува кога се појавуваат било какви два астрономски предмети (како астероиди, месечини, планети и ѕвезди) се гледаат како да се близу еден до друг, гледано од Земјата.

Она што е особено интересно со овој специјален настан е како човечкиот мозок се идентификува со него. Додека го гледаме овој феномен, нашите умови се насочени да го „снимаат“ за да му дадат „етикета“, што во ова сценарио, тоа ќе биде токму слика на насмеано лице. Всушност, тоа е само планети кои се усогласуваат за време на нивниот вообичаен циклус околу Сонцето, но формирањето на насмеаното лице звучи навистина привлечно!

Она што е ретко, е тоа што Јупитер обично не се приближува толку блиску до Месечината, како што Венера редовно го прави еднаш месечно. Сега, кога ќе Јупитер ќе се приближи, заедно со Венера ќе изгледаат како две очи, а Месечината како голема насмевната уста.