Најубавиот дел од Велигден е бојадисувањето на јајцата. Во оваа уникатна традиција се вклучуваат речиси сите членови на семејството и резултатите секогаш се и повеќе од впечатливи.

Но, постои еден детаљ кои може да го наруши целото ова задоволство, а тоа се пукнатините на јајцата кои може да настанат при варењето. Токму денес ви го откриваме најдобриот метод со кој ќе успешно ќе го избегнете овој проблем.

Најдобриот метод како да ги сварите јајцата без ниту една пукнатина

Најсигурниот метод да ги сварите јајцата, а притоа пукнатини воопшто да нема или да бидат сведени на минимум, е следниот:

  1. Темелно исчистете ги јајцата и се подразбира, оставете ги на собна температура.
  2. Поставете ги во мало тенџере, покријте ги со вода и оставете ја истата да зоврие. За 12 јајца ќе ви бидат неопходни 1 ½ литри вода.
  3. Откако водата ќе зоврие, веднаш отстранете го тенџерето од оганот и оставете го тенџерето поклопено 17 минути.
  4. По 17-та минута, внимателно извадете ги јајцата и преместете ги во сад со ладна вода. Најдобро е во водата да има дополнително коцки лед, бидејќи сварените јајца истата брзо ќе ја затоплат.
  5. Откако јајцата целосно ќе се изладат, тогаш тие се готови за бојадисување. Со овој едноставен метод ќе добиете идеално сварени јајца со минимална штета!