Резултатот од употребата на оваа чудесна маска не само што е висококвалитетен, туку е и долготраен. Маските од квасец се погодни за сите типови коса и се неопходни во борбата против опаѓањето  и за побрз раст на истата.

Користејќи маска за квасец успешно ќе се ослободите од првутот и можете да постигнете неверојатни ефекти.  Како превентивна мерка и за побрз раст на косата, маската од квасец се користи еднаш неделно, 10-15 недели. Потоа направете пауза 3 месеци и повторете по потреба.

Домашна маска за обновување и зајакнување на косата

Растворете 1 кафена лажица мед или шеќер во 1 лажица топло млеко, додадете 20 гр свеж квасец (ако користите сув: 1 кесичка сув квасец од 7 гр заменува 40 гр свеж квасец). Оставете ја добиената смеса на топло место да ферментира (нарасне) за околу 15-20 минути.

Нанесете ја добиената маска на чиста, влажна коса, од корените до краевите. Може да се нанесува и на неизмиена коса.

Потоа завиткајте ја косата во пластична кеса и топол пешкир. Таквите маски бараат затоплување (крпа, капа) за да создадат оптимални услови за раст на колонии со габи од квасец. Со нивното зголемување, се зголемува концентрацијата на протеини, витамини и минерали, кои продираат во фоликулот на косата.

Ако маската е повеќе течна, обидете се да ставите помалку млеко следниот пат. Оставете ја истата да отстои најмалку 1 час на косата, а доколку сакате уште поодлични ефект, може да ја оставите и да дејствува 3 часа. Потоа измијте со шампон, ако ја нанесувате маската на сува, неизмиена коса. Ако ја нанесувате на чиста, влажна коса, измијте само со вода и со малку балсам за коса.

Мирисот, кој ќе го почувствувате за време на дејството на маската, исчезнува по миењето, кога косата е целосно сува.