Честопати домаќинќите користат висока температура од 70°C за топењето на кристализираниот мед. Но, оваа температура никако не се препорачува од специјалистите.

Според експертите, на овој начин, односно на таа температура значително се намалува квалитетот на медот и неговите корисни и лековити својства се сведуваат на минимум.

Најдобората правилна температура која се препорачува изнесува 40°C, и истата не треба да се надминува.

Ова е единствениот важен и неопходен услов за да се зачуваат корисните ензими во медот, кои инаку се чувствителни на високи температури.

Затоа, подобро купувајте мед кој не бил подложен на термичка обработка, за да може процесот на топење сами да го направите во домашни услови, на температура по ваш избор.