Денешниот рецепт е совршен за оние кои обожаваат торти и уживаат во нивниот вкус, но не толку во нивната подготовка. Затоа мрзеливата торта е идеалното брзо решение со супер вкус!

Мрзелива торта „5 х 2“:

Денешниот рецепт е совршен за оние кои обожаваат торти и уживаат во нивниот вкус, но не толку во нивната подготовка. Затоа мрзеливата торта е идеалното брзо решение со супер вкус!
Вкупно време1 час
Оброк: Десерт
Кујна: италијанска
Клучни зборови: торта, овошна торта
Порции: 4

Состојки

За пандишпанот

  • 2 кафени шолји кисело млеко
  • 2 кафени шолји шеќер
  • 2 супени лажици мед
  • 2 кафени шолји брашно
  • 1 пакетче пециво

За кремот и филот

  • 1 литар кисела павлака
  • Половина кафена шолја шеќер
  • 150 гр печени бадеми
  • Грст суво грозје
  • Грст суви кајсии
  • Грст сини сливи
  • Половина парче чоколадо

Начин на подготовка

За пандишпанот

  • Измешајте ги горенаведените состојки, откако последно ќе го додадете брашното измешано со пецивото. Изматете го тестото со миксер, а потоа поделете го на половина и испечете 2 пандишпани на умерена температура.
  • Откако ќе бидат готови, почекајте истите да се изладат, а потоа секој пандишпан поделете го на половина, така што ќе имате вкупно 4 пандипшани.

За филот

  • Сето суво овошје треба да биде сомелено во блендер, а потоа добро измешајте го истото. Сомелете ги и бадемите и оставете ¼ на странаод нив.

За кремот

  • Измешајте ја киселата павлака со шеќерот. Добро изматете и оставете ја смесата да отстои малку, со цел шеќерот да се раствори, а потоа повторно добро измешајте.

Целосна подготовка

  • Сите пандишпани треба да бидат добро изладени. Поставете го првиот врз соодветна чинија за торти, нанесете од филот и додадете од бадемите. Поставете го вториот пандишпан врз првиот, нанесете од сувото овошје и додадете од јаткастите плодови. Покријте со третиот пандишпан, премачкајте со фил инанесете од бадемите. Поставете го и последниот и нанесете го целиот преостанат фил.