Мрзелива торта „5 х 2“:
Денешниот рецепт е совршен за оние кои обожаваат торти и уживаат во нивниот вкус, но не толку во нивната подготовка. Затоа мрзеливата торта е идеалното брзо решение со супер вкус!
Оброк: Десерт
Кујна: италијанска
Клучни зборови: торта, овошна торта
Порции: 4
За пандишпанот
- 2 кафени шолји кисело млеко
- 2 кафени шолји шеќер
- 2 супени лажици мед
- 2 кафени шолји брашно
- 1 пакетче пециво
За кремот и филот
- 1 литар кисела павлака
- Половина кафена шолја шеќер
- 150 гр печени бадеми
- Грст суво грозје
- Грст суви кајсии
- Грст сини сливи
- Половина парче чоколадо
За пандишпанот
Измешајте ги горенаведените состојки, откако последно ќе го додадете брашното измешано со пецивото. Изматете го тестото со миксер, а потоа поделете го на половина и испечете 2 пандишпани на умерена температура.
Откако ќе бидат готови, почекајте истите да се изладат, а потоа секој пандишпан поделете го на половина, така што ќе имате вкупно 4 пандипшани.
Целосна подготовка
Сите пандишпани треба да бидат добро изладени. Поставете го првиот врз соодветна чинија за торти, нанесете од филот и додадете од бадемите. Поставете го вториот пандишпан врз првиот, нанесете од сувото овошје и додадете од јаткастите плодови. Покријте со третиот пандишпан, премачкајте со фил инанесете од бадемите. Поставете го и последниот и нанесете го целиот преостанат фил.