Беспрекорната холивудска насмевка никогаш не излегува од мода, бидејќи истата покрај за убавина, се смета и за знак дека личноста е во одлична здравствена состојба.

Иако веќе е докажана ефикасноста на професионалните методи, сепак бидејќи не секој може да си ги дозволи скапите естетски третмани, за таа цел, денес ви откриваме како ефикасно да ги избелите вашите заби во домашни услови.

Домашни средства за избелување на забите

1. Сода бикарбона

Една кафена лажица сода бикарбона и прстофат сол совршено го отстрануваат забниот камен и ги избелуваат забите за неколку нијанси. За да ја избелите вашата насмевка, едноставно ова добиена смеса нанесете ја врз мокра четка за заби и измијте ги забите на вообичаениот начин, а потоа исплакнете со вода. Воедно, потребно е да не се претерува многу со употребата на смесата.

2. Алое вера гел

Во чаша со вода се додава 0,500 мл сода бикарбона, 1 кафена лажица гел од алое вера, 10 капки етерично масло од лимон и 4 супени лажици растителен глицерин. Добро измешајте ги состојките и складирајте ја смесата во соодветен сад. Употребувајте ја смесата секојдневно за да брзо ги добиете посакуваните резултати.

3. Кора од портокал

Еден многу брз и лесен начин за отстранување на забниот камен и за избелување на забите. Едноставно е потребно со кора од портокал да ги триете вашите заби, а потоа да ја оставите кората да отстои така на истите, 10 минути.